СЗО ќе донесе одлука за употреба на кинеските вакцини

Сподели

 

СЗО во наредните две недели се очекува да одлучи дали итно ќе одобри употреба на две кинески вакцини против коронавирусот, изјави помошникот директор на оваа агенција на Обединетите нации, Марианџела Галвао Симао.

Таа вчера прецизираше дека СЗО може да донесе одлука за вакцината Синофрам до крајот на оваа недела, додека за употребата на вакцината развиена од компанијата Синовак Бајонтек може да одлучи до крајот на следната недела.

Одобрението на СЗО ќе биде индикатор за регулаторните тела на земјите во светот за безбедноста и ефикасноста на кинеските вакцини и ќе им овозможи да бидат вклучени во програмата Ковакс.

Доколку бидат одобрени, кинеските вакцини ќе бидат првите вакцини од незападни земји што ќе добијат одобрение од СЗО, која досега ги одобри вакцините на Фајзер, Астра Зенека и Џонсон и Џонсон, а оваа недела се очекува одлука за вакцината на Модерна.