Вести Македонија

Тачи на средба со Белели: Одговорноста за кризата е во Владата

Сподели:

tachi-i-beleli

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се сретна со амбасадорот на Италија, Ернесто Масимино Белели, со кого разговарал за актуелната политичка ситуација, меѓуетничките односи и за евроатланските интеграции на земјата.

Тачи, како што соопштуваат од неговата партија, го информирал амбасадорот Белели за погледот на ДПА во врска со тековната криза и за општата состојба во земјата, како и за опциите за излез од кризата.

„Претседателот Тачи оцени дека одговорноста за ситуација во земјата и за застојот на интеграциските процеси е во Владата на Република Македонија, нагласувајќи дека Албанците во Македонија не се откажуваат од патот кон интеграција во Европската Унија и во НАТО и дека во овој поглед Демократската партија на Албанците ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство“, информираат од ДПА.

meta.mk

Сподели: