Собраниска седница за Универзитетот „Дамјан Груев“

Сподели

sobrani11-860x680

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 108. седница, на која на дневен ред е предлог-закон за дополнување на Законот за основање Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје, по скратена постапка.

По оваа, Собранието ќе ја продолжи и 110. седница, на која на дневен ред се предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за органско земјоделско производство, во второ читање, и предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за градење, по скратена постапка.

Во законодавниот дом за денеска се закажани и седници на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за финансирање и буџет, кои ќе го разгледуваат предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, во второ читање.

meta.mk