Талат Џафери денеска во официјална посета на Брисел

Сподели

На покана на високите преставници на Европската Унија  и Европскиот парламент Претседателот на Собранието господин Талат Џафери денеска е во прва официјална посета на Европската Унија. Според агендата  претседателот  Талат Џафери ќе се сретне со  Комесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан и Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, г-ѓа Федерика Могерини.
Исто така Претседателот на Собранието ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент г. Антонио Тајани  како и европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.