Талат Џафери е премиерот која ќе ја предводи техничката Влада

Сподели

 

Собранието со 65 гласа „за“ и 3 „против“ ја изгласа техничката влада. Премиер на РС Македонија е Талат Џафери.

На седница присуствуваа 111 пратеници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се воздржаа од гласање на техничката влада.

“Оваа должност, оваа доверба, чест и над сѐ, исклучително важна одговорност ја сфаќам и ќе и пристапам онака како што сум постапувал во секоја етапа и при секој предизвик кој што се појавувал пред мене во мојот професионален и персонален живот. Сакам да ве уверам дека во ниту еден миг нема да дозволам да отстапиме од тоа што значи функционална и доверлива институција за граѓаните и институција со јасни надлежности дефинирани со Уставот во однос на другите столбови на власта во РС Македонија.

 

 

Човекот се памети по делата кои ги остава во наследство за идните поколенија и патеките кои ги трасира во историјата. Не постојат доволно силни зборови кои го опишуваат придонесот и визионерството на Али Ахмети во градењето на модерната историја на нашата државата. Денес сведочиме на уште еден историски ден на нас!” – изјави новоизбраниот премиер, Талат Џафери.