ТАЛАТ ЏАФЕРИ: Следната недела Македонија ќе има нова влада

Сподели

-“Следната недела Македонија ќе има нова влада. Во кабинетот ќе учествуваат претставници на СДСМ на Зоран Заев и партии од албанското малцинство, како дел од парламентарното мнозинство”, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери за новинската агенција „Франс прес“.

-“Очекувам за ден-два, да ја добијам програмата на овој кабинет и потоа да свикам седница на парламентот за следната недела” – вели Џафери за АФП.

Претседателот на Собранието смета новата влада ќе мора да побара широка парламентарна поддршка за промени, за да го направи албанскиот службен јазик – клучно барање на малцинските партии.

-Не е доволно само да имаш просто мнозинство, бидејќи уставните реформи бараат поддршка од две третини од пратениците – истакнува Џафери.

Претседателот на парламентот, додаде дека сака да се води истрага за насилството во Собранието од 27. април кога беа повредени неколку пратеници, а дека потребна е и политичката одговорност.