Вести Македонија

Тематски консултации во Владата за Итните реформски приоритети

Сподели:

Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат одржани тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно Итните реформски приоритети.
Тематските консултации се согласно определбата на Владата за транспарентност во работата и вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, а поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, соопшти владината прес-служба.
На дебатата воведно обраќање ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Вицепремиерот Османи во понеделникот најави дека Владата подготвува Акциски план со мерки и активности кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, а кои ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета на Скопје во понеделник. Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.
Сподели: