Вести Македонија

ЗНМ: Повик за ослободување од притвор на Божиновски

Здружението на новинари на Македонија инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода.
Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата Ленка Давиткова веднаш да го укине притворот. Долгиот притвор против Божиновски повеќе не служи за ефикасно одвивање на судскиот процес, туку прераснува во казна.
Држење во притвор на новинар скоро три години, во екстрадиционен притвор во Србија и притвор во Македонија, е апсолутно незабележана практика во слободни и демократски земји.
Ослободувањето на Божиновски ќе ја одвои Македонија од групата на авторитарните земји во Европа, како што е Турција, Русија и Азербејџан, каде постојано се прогонуваат новинари.
Новата влада во Македонија треба јавно во рамките на нивните надлежности да се заложи за ослободување на Божиновски. На сите им е јасно дека мерката притвор во случајот на Божиновски е злоупоптребена од претходната влада со единствена цел да се замолчи еден критичен новинар.
Сподели: