Терористички напад во Сиднеј за време на прославата на еврејската Ханука

Сподели:

Нападот на плажата Бондаи во Австралија, за време на прославата на еврејскиот празник Ханука, се случи околу 18:47 по локално време, кога две вооружени лица отворија оган кон илјада луѓе во паркот Арчер, каде еврејската заедница организирала јавна прослава.

Убиени се 15 лица, а во критична состојба се 27 лица кои се на лекување во болница.

Еден од осомничените 50- годишниот е убиен на местото, додека вториот неговиот 25 – годишен син е повреден и приведен.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе по овој немил настан предложи построги национални закони за оружје со нови ограничувања, бројот на оружје што може да го поседува лиценциран сопственик.

Човекот кој го ризикуваше својот живот и директно го собори напаѓачот е 43-годишен маж од Сирија кој од 2006-та живее во Австралија.

Сподели: