Тевдовски: Буџетот за 2018 година ќе биде донесен навреме

Сподели

Министерот за финансии Драган Тевдовски очекува буџетот за 2018 година да биде донесен на време и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на расправата во матичната собраниска комисија.

– Цврсто верувам дека буџетот ќе се донесе. Гледаме дека се одблокира работата на комисијата. За мене е важно што има дебата, а лично би бил најсреќен ако на седницата на комисијата доаѓа и опозицијата – нагласи Тевдовски по завршниот настан од ЕУ проектот кој овозможи креирање електронска алатка за едноставно плаќање персонален данок на доход.