Одложено рочиштето за „Траекторија“: Одбраната бара да се снима судењето

Сподели

Судењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за предметот на СЈО „Траекторија“ денеска,  одложено e за 18 декември. Oдложено e на барање на одбраната бидејќи во судницата не беа обезбедени услови за тонско и за визуелно снимање на рочиштето.

Адвокатот Миланов во името на сите бранители побара од судот да ги почитува одредбите од ЗКП и да овозможи тонско и визуелно снимање на рочиштето за да можат, како што рече, сите учесници во постапката и институции да имаат увид во тоа што се случувало на рочиштата.

Судијата Горан Бошевски, кој го води предметот, се согласи и го одложи рочиштето за 18. декември, за да бидат обезбедени услови.