Хакерски напад на Агенцијата за електронски комуникации

Сподели

 

Електронските системи на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) се под сајбер-напад, дознава Мета.мк. Нападот над АЕК, за Мета.мк го потврдија и од МВР.

Минатата недела Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се содветни мерки“, велат од МВР.

Директорот на АЕК, Јетон Акику во телефонски разговор ни потврди дека имало „мал инцидент“ и дека во моментов се подигаат нови сервери. Акику објасни дека е на состанок во моментов, но дека до крајот на денов ќе испрати детални одговори во писмена форма.