Вести Македонија Ударни вести

ТЕВДОВСКИ: Maкедонија прокоцкала 200 милиони евра од ИПА фондовите

Сподели:

Во текот на вчерашната прес конфернција министерот за финансии Драган Тевдовски откри дека европските пари недоволно се искористуваат и дека Македонија прокоцкала речиси 200 милиони евра од нив.

„Досега во рамките на ИПА 2007-2013 се изгубени 119,7 милиони евра, а се утврди дека постојат ризици и за губење на дополнителни 33 милиони евра. Затоа Владата прави напори за посилно ангажирање на сите капацитети во функција на поголема апсорпција на средствата и подобрување на пристапот на земјава кон нивно користење“, истакна Тевдовски.

“Првиот предизвик е нивно навремено завршување, но поради доцнење на реализацијата во претходниот период на дел од проектите може да постои потреба од нивно финансирање преку буџетот на РМ во 2018 година.” – изјави Драган Тевдовски, министер за финансии

Сподели: