Вести Македонија Топ теми Ударни вести

“Титаник 2”: Мијалков и Тачи осудени на две години затвор

Сподели:

 

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи, се осудени на 2 години затвор за случајот „Титаник 2“.

Пресудата денеска беше објавена во Кривичниот суд, а истата затворска казна им беше изречена и на обвинетите поранешни членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Сашо Срцев, Влатко Сајковски и Анета Стефановска.

Обвинителството најави дека нема да се жали на пресдуата за да не ја одолговлекува постапката и покрај тоа што повеќе од извесно е дека адвокатите на осудените ќе се жалат во Апелација.

Делото за кое се товари Мијалков во април застарува и доколлку пресудата не стане правосилна тој ќе избегне одговорност. За да биде правосилна треба да биде потврдена од повисоката судска инстанца – Аплеацискиот суд кој веќе еднаш ја укина.

Сподели: