Тоа на “М” денеска на повторно суд

Сподели

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

На претходното рочиште што се одржа на 15. март беа сослушани тројца сведоци. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет, а следното рочиште го закажа за денеска.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година, Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во име на МВР на нов блиндиран луксузен автомобил „мерцедес С-600 гард“, а во постапката билa фаворизиранa една компанија.