Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Филипче: Од среда целосно се укинува полицискиот час

Сподели:

 

Утрово на Комисијата за заразни болести се донесоа следните одлуки кои ќе бидат предложени до Кризниот штаб, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
 
Од среда, 16 јуни:
– Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозоволува ова.
 
– Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.
 
– Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1000 лица, соопшти министерот Филипче.
Сподели: