Спорт

Тој е единствен човек на светот што не знае дека Марадона не е повеќе жив!

Сподели:

Карлос Билардо (83) сеуште не знае дека Марадона почина.

Иако поминаа повеќе од 10 месеци од смртта на легендарниот фудбалер, семејството на тренерот што го направи Марадона ѕвезда немаше сила да му каже дека неговиот најдобар ученик го напушти овој свет, објавија аргентинските медиуми.

Сепак, на Карлос ќе му бидат соопштени тажните вести, а таа тешка задача ќе им биде доделена на Оскар Руџери и Хорхе Буручага, фудбалери кои го освоија Светското првенство заедно со Марадона токму под команда на Билардo во 1986 година.

Семејството ја криеше од поранешниот тренер информацијата за смртта на Марадона поради неговата лоша здравствена состојба, но се проценува дека ќе му биде полесно да поднесе ако го слушне тоа од играчите што ги тренирал.

Во претходните месеци, семејството се обидуваше на секој начин Карлос случајно да не дознае за смртта на Марадона, ги сокриваа сите весници и го менуваа каналот на ТВ кога на програмата имаше вести за „Божјата рака“.

The post Тој е единствен човек на светот што не знае дека Марадона не е повеќе жив! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: