Вести Македонија

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ ГИ РАСПИША ИЗБОРИТЕ

Сподели:

trajko_veljanoski

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска го потпиша решението за распишување на предвремени парламентарни избори. Предходно тој имаше средба со претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски на која го извести за распишувањето на изборите.

Со 110 гласови „за“ пратениците вчера попладне ја донесоа одлуката за распуштање на Собранието, со што се овозможува одржување предвремени парламентрани избори на 11 декември, согласно договорот на лидерите на четирите најголеми политички партии за надминување на политичката криза. Денеска ДИК на итна седница треба да го утврди календарот за изборни дејствија, а познато е дека при предвремени избори, сите дејствија се скатаени за пет дена освен изборната кампања која почнува 20 дена пред избори. А податоците за граѓаните до ДИК денеска треба на хард диск да ги достави МВР. Додека пак партиите учесници во изборниот процес треба да потпишат кодекс за фер и демократски избори.

Сподели: