Трамп ги повика републиканците на единство

Сподели

donald-tramp

Извесниот кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп ги повика републиканците на единство.

Тој ги предупреди дека нивните места во Конгресот би можеле да бидат во опасност ако не го поддржат.

Обраќајќи се на илјадници луѓе на митингот во Тампа, Флорида, Трамп претседателскиот кандидат на републиканците на претходните избори, Мит Ромни го нарече „камено ладен губитник“ затоа што не го поддржа.

Трамп рече дека Републиканската партија мора да се организира и заедно да делува за да победи на претседателските избори, осудувајќи ги републиканците во Сенатот кои се противат на неговата кандидатура.

– Републиканската партија мора да биде цврста и паметна. Ако не биде, јас ќе победам, но многу други луѓе ќе изгубат – рече Трамп.

Трамп ги повика републиканците на единство