Алтернатива Настани

Лазар Ристовски како Цар Самоил во новиот филм на Митриќески

Сподели:

Lazar_Ristovski_Portret

Познатиот српски актер, Лазар Ристовски ќе го игра ликот на Цар Самоил во новиот филм на Антонио Митриќески.

Ристовски ја соопшти оваа информација во Охрид, каде учествуваше како ексклузивен гостин на „Охрид Филм Фест“– фестивал на ангажиран филм.

Тој додаде дека за него е особена чест што ќе го игра Цар Самуил, затоа што и неговите корени се од Македонија.

Фестивалот беше отворен со филмот „Од другата страна“ каде во главната улога се појавува Ристовски.

За извонредниот придонес во балканската кинематографија што овој актер го остави како белег со неговите многубројни улоги во филмовите, Ристовски ја доби посебна награда – Византиски крст со филингранска изработка.

– Некои актери доаѓаат насмеани, ќе ја одиграат улогата и ќе си заминат, додека јас доаѓав најмалку еден час порано, се подготвував за секоја улога. По претставите ние актерите одиме во бифето на театарот, каде се релаксираме. Затоа и го оставив театарот пред 8 години, ми требаше многу енергија, па го одбрав филмот – вели Ристовски кој има околу 4.000 претстави зад себе.

http://meta.mk/lazar-ristovski-kako-tsar-samoil-vo-noviot-film-na-mitrikeski/

Сподели: