Трамп ги поздрави апсењата во Саудиска Арабија

Сподели

Американскот претседател, Доналд Трамп, ја поздрави неодамнешната одлука на саудискиот крал Селман за апсење на десетици принцови, владини претставници и бизнис лидери во кралството, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Имам голема доверба во кралот Сeлман и престолонаследникот на Саудиска Арабија, тие точно знаат што прават“, напиша Трамп во серија твитови доцна синоќа.

Во саботата, саудиските власти уапсија 11 принцa, четири министри и неколку поранешни министри во големата акција против корупцијата.

Саудиските медиуми соопштија дека меѓу притворените е и милијардерот, принцот Алвалид бин Талал, и министерот за национална гарда, принцот Митеб бин Абдулах.

„Некои од нив веќе со години ја ‘молзат’ својата земја!, напиша Трамп.

Апсењата се случија неколку часа откако со кралски декрет беше формирана антикорупциската комисија, под раководство на принцот Мухамед бин Селман.

Според државната саудиска новинска агенција (SPA), антикорупциската комисија има овластување да истражува, апси, да забрани напуштање на земјата, да открива и замрзнува сметки и портфолија, да ги следи финансисиките средства на лица вмешани во корупција.

Комисијата соопшти дека повторно ќе го отвори случајот за поплавите во Џеда во 2009 година, во кои загинаа над 100 лица, и ќе го истражи појавувањето на корона вирусот во 2012 година, попознат како Блискоисточен респираторен синдром (MERS).