Трамп го потпиша Законот за одбранбена политика вреден 176 милијарди долари

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша Законот за одбранбена политика вреден рекордни 176 милијарди долари, пренесува МИА.

Со новиот Закон е предвидено зголемување на платите на војниците на САД за 2,6 отсто, што е најголем раст во последните девет години.

Законот, исто така, ќе му дозволи на Трамп да ги укине санкциите кон државите кои купиле руско оружје, а сега сакаат да се опремат со американско оружје.

Со новиот Закон се дебликираат 69 милијарди долари за тековните операции во странство (Авганистан, Сирија, Ирак, Сомалија и други) и предвидува зголемување на бројот на војници со 16.000. Околу 40 милијарди долари ќе бидат потрошени за обнова на военовоздухопловните сили, додека 65 милијарди долари се наменети за производство на нови нуклеарни боеви глави со мала моќност, кои ќе бидат стрелани од подморници.

Буџетот на Пентагон за 2019 година предвидува и 500 милиони долари за заедничко производство на системите за ракетна одбрана на Израел, 850 милиони долари обука и вооружување на ирачката армија и 250 милиони долари помош за безбедноста во Украина.

„Вселената, како и небото, земјата и морето се претворија во област на воени активности… Нашите странски конкуренти и противници веќе почнаа милитаризација на Вселената, разработувајќи нови технологии, за да ги парализираат најважните технологии и да ги ‘ослепат’ сателитите, но ние наскоро ќе ги стигнеме… Ние сме најмоќни. Ние сме најдобро финансирани. Ние сме најбројни. Ние сме најсилни. Ние сме најбрзи“, посочи Трамп.

Издвоени се и средства за воена парада во Вашингтон во ноември.