Трамп им го честита Рамазан Бајрам на муслиманите од целиот свет

Сподели

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп упати честитка до сите муслимани во светот по повод Рамазан Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во име на американскиот народ, во мое име и мето на мојата сопруга Мелани, упатувам најтопли честитки до сите муслимани кои го одбележуваат Рамазан бајрам. Нека овој празник не потсети дека треба да се простуваме, да правиме добро и да бидеме добронамерни“, се вели во пораката на Доналд Трамп, претседателот на САД.

Муслиманите низ светот денес го прославуваат еден од двата најголеми празници, Рамазан Бајрам, кој трае три дена. Рамазанскиот Бајрам е празник со кој се празнува завршувањето на Рамазанскиот пост.