Трамп вети создавање безбедносни зони во Сирија

Сподели

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп рече дека неговата земја ќе формира безбедни зони во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според вестите пласирани во американските медиуми, во говорот во Херши, во сојузната држава Пенсилванија, Трамп истакнал дека случувањата во Сирија се многу тажни.

„Многу тажно. Ќе им помогнеме на тамошните луѓе. Ќе формираме безбедни зони во Сирија. Ќе помогнеме таму да се формират безбедни зони“, рече Трамп.

Тој изјави дека со формирањето на безбедни зони, сирискиот народ ќе добие нова шанса и дека парите за проектот ќе ги бараат од заливските земји.