Трето прскање против комарци на територија на градот Скопје

Сподели

 

Претстојниов викенд, во раните утрински часови ќе се врши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.

Ова е трето прскање, второто се изврши во периодот од 17.05 до 20.05.2022 година, а првото на  29.04.2022 година, со што навреме почна овој процес.

Доколку временските услови се неповолни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Град Скопје.

Ги известуваме пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.