Три силни земјотреси регистрирани во Британска Колумбија

Сподели

Три земјотреси со интензитет од 6,5 до 6,7 степени според Рихтеровата скала го погодија подрачјето на канадската провинција Британска Колумбија, соопшти мериканскиот геолошки институт.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.