Цената на парното поскапува за 4.51%

Сподели

 

Регулаторната комисија за енергетика информира дека за најголемиот систем од кој се снабдуваат 57 илјади потрошувачи во градот Скопје, цената на парното се зголемува за 4,51%.

Ова значи дека на сметка од 1.000 денари зголемувањето ќе биде 45 денари или за просечна сметка од 1.800 денари, поскапувањето ќе биде 80 денари.

-Оваа одлука не ја носевме додека не добивме цврсто уверување дека ќе започне поставување на цевковод на мостот Беласица, посочи Бислимоски. Трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија мораат што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО.

Со оваа одлука треба да се врати позајмицата на Владата од 6 милиони евра, дадена во јануари 2022 година, изјави Бислимовски.