Вести Македонија Ударни вести

Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во Гевгелија

Сподели:

 

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општините Валандово, Дојран и Богданци, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на општина Гевгелија кај паркингот зад нов пазар (улица Саво Михајлов) со почеток во 20.00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
 
Вториот караван денеска ќе биде во општина Центар, каде заменик претседателката Сања Лукаревска ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18.30 часот на локацијата Сквер Јадран.
Сподели: