Црвен крст ги повикува заинтересираните граѓани да се вклучат во акцијата за помош на настраданото население во Грција

Сподели

Пожарите кои го зафатија подрачјето на градот Атина во Грција во кој загинаа 76 лица предизвикаа големи материјални штети кои го погодија населението.

Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека континуирано ја следат состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствуваат.

Од таму ги повикува заинтересираните правни субјекти и граѓани да се вклучат во акцијата за помош на настраданото население.

Преку донација на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228