ЦУК до граѓаните: Заштитата од пожари е заедничка одговорност

Сподели:

Поради најавените високи температури во наредните денови, значително се зголемува ризикот од појава на пожари на отворени површини. Центарот за управување со кризи упатува апел до сите граѓани:

-Бидете внимателни при движење или престој во шуми, полиња и други отворени простори;

-Избегнувајте употреба на запаливи материи (отворен оган, цигари, запалки, плински уреди и слично);

-Не палете отпад или сува вегетација — тоа може да доведе до пожари со катастрофални последици.

Доколку забележите оган, дим или било какви активности кои можат да предизвикаат пожар:

– Веднаш пријавете на бројот за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи.

Апелираме: не го злоупотребувајте бројот 112 за лажни дојави. Таквите постапки не само што ја нарушуваат работата на службите, туку може да предизвикаат сериозни последици по безбедноста на сите граѓани.

Заштитата од пожари е заедничка одговорност! – апелираат од Центарот за управување со кризи.

извор/фото ЦУК

Сподели: