ЦУК потпиша договор со Грција за „Рано откривање пожари и управување со катастрофи“

Сподели

 

Денеска во Битола, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го потпиша договорот од страна на ЦУК за европскиот проект „Рано откривање пожари и опсег за превенција и управување со катастрофи“ на „Интеррег ИПА програмата за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија“, во присуство на многу учесници во проектот од државните институции и невладините организации, а и тим од ЦУК од Секторот за меѓународна соработка со раководителот д-р Урим Вејсели.

 

 

Покрај специфичните цели, главен резултат на овој проект е развивање на систем за откривање шумски пожари со користење на напредни дигитални технологии и пристап до далечински сензорски мониторинг со превентивен аларм за навремено регирање кога ќе има шумски пожар во реонот на мониторинг. Предвидено е овој систем за превенција од пожари и навремено реагирање да ја подигне ситуационата свест на институциите и населението за навремена реакција.