На 17 ноември (вторник) од 20 часот на сцената на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес ќе се одржи премиерата на претставата „Вљубениот Шекспир“, дипломска претстава на Бојана Василковска.
Претставата е работена според текстот на Марк Норман и Том Стопард, во режија на Бојана Василковска. Преводот е на Сашо Димоски и Катерина Момева, сценографијата на Филип Коруновски, костимографијата на Катерина Чукниева, а шминката и фризурата на Мартина Чукниева.
Во претставата играат: Филип Христовски, Катерина Јовановиќ, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Зорица Панчиќ, Фаик Мефаилоски, Кире Ацевски и Мартин Мазнев.


