Тукушто родено бебе оставено на тротоар во Топанско поле

Сподели

 

Новороденче штотуку донесено на свет, вчера околу пладне било оставено  на тротоар во скопската населба Топанско Поле.

Новороденчето го забележале минувачи кои случајот го пријавиле во полиција. Бебето со возило на итна помош било пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Од Клиниката за детски болести велат дека, иако бебето било оставено во несоодветни услови, сега е во добра општа состојба.

Од полиција велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.