Алтернатива Македонија Настани

Хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ обезбеди 6 тони храна за социјално загрозени категории лица

 

Во 10 градови низ Македонија денеска ќе се одржи националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање на храна.

Акцијата ја организира мрежата „Сите сити“, која е дел од граѓанската инцијатива „Мрдни со прст“.

Акцијата „Нахрани 10.000“ ја надмина планираната храна која што сакаа да ја соберат, обезбедувајќи 6 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.

 

 

Целта е да се подигне свеста на граѓаните за проблемот со недостаток на храна со кој се соочуваат многу граѓани во нашата земја, како и да се креира можност редовно да се донира храна до нашите сограѓани преку собирање еднаш месечно на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на оние на кои им е најпотребна.

Според Државниот завод за статистика во Македонија 445.099 луѓе во просек имаат по еден оброк дневно, а годишно во Македонија се фрлаат околу 12.000 тони вишок храна што претставува за околу 26.000 граѓани да имаат по три оброка дневно.

Во акцијата учествуваат над 200 волонтери од повеќе организации, кои изминатиот период ја пакуваа храната во пакети и започнаа да ја делат храната на социјално загрозените граѓани.

Сподели: