Тупанчески се сретна со директорите на затворите

Сподели

 

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите. Средбата се одржа во Министерството за правда, а на неа присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски.

На состанокот, министерот Тупанчески поединечно беше информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање соодветна здравствена заштита за осудените лица, недостаток на соодветен кадар.

Договорено е веднаш да се отпочне со решавање на наталожените проблеми кои со години се провлекуваат.

Ќе се интервенира и во Законот за извршување на санкции, со цел да се подобрат условите на вработените во затворите.

Во наредниот период министерот Тупанчески ќе ги посети затворите за лично да се запознае со состојбите. Комуникацијата со директорите на затворите ќе се интензивира во насока на создавање подобри услови за осудените лица и спречување на девијантните појави.