ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 9 степени, а дневната температура од 17 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 6 степени, а дневната температура ќе достигне до 24 степени.

Од четврток повремено ќе има појава на мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.