Вести Македонија Ударни вести

Турска компанија заинтересирана за производство и преработка на овошје во Преспа

Сподели:

 

Турската компанија „Зорлу” е заинтересирана за инвестирање во најсовремен центар за производство и преработка на овошје во Преспанскиот регион, со капацитет од околу 10.000 тони.

 

Директорот на копманијата Џем Зорлу, оствари средба со градоначалникот Живко Гошаревски, на која било разговарано околу деталите за инвестицијата, која ќе придонесе за развојот на Преспа.

– Откупно-дистрибутивниот центар ќе значи многу за земјоделието во општина Ресен. Јаболкото како главна земјоделска гранка е иднината на Преспа. Колку што е битно прозиводството, толку е битно и пакувањето и складирањето на јаболкото за да може да одговориме на современите услови што ги бараат пазарите, изјави градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски.

Во моментот, се разгледуваат потенцијалните локации, кои во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе му бидат понудени на инвеститорот.  Општината не располага со сопствено земјиште. Ние во моментот сме медијатори со ресорното Mинистерство за изнаоѓање соодветно државно земјиште, – истакна градоначалникот.

 

Сподели: