Турција ја осуди одлуката на Египет за доживотен затвор за Мурси

Сподели

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и ja осудуваме одлуката за казна доживотен затвор изречена на претседателот Мурси кој остана во затвор од 2013 година

thumbs_b_c_5fdf23ff975069bedf371e3402acaf76

АНКАРА (АА) – Турција ја осудува казната за доживотен затвор на поранешниот претседател Мухамед Мурси изречена од страна на Египет вчера, се вели во официјалното соопштение, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ја изразуваме нашата длабока загриженост и ja осудуваме одлуката за казна доживотен затвор изречена на претседателот Мурси кој остана во затвор од 2013 година”, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

„Веруваме дека оваа одлука нема да придонесе за мирот и стабилноста на Египет”.

Мурси, заедно со десет други лица, беа обвинети од страна на египетските власти дека шпионирале во корист на Катар и давале доверливи документи на заливската држава во неговата една година како претседател на Египет.

Судот вчера го осуди Мурси на доживотен затвор под обвинение за “водење терористичка група” – мислејќи на Муслиманското братство, кое беше ставено на црната листа од страна на египетските власти кон крајот од 2013 година.

Судот, сепак, го ослободи Мурси од обвиненијата за шпионирање во корист на Катар, кој беше главниот поддржувач на администрацијата на Мурси, додека тој беше на власт.

Првиот демократски избран лидер на Египет, Мухамед Мурси беше сменет од страна на војската во воен удар во 2013 година кој следеше по протестите против неговото претседателствување.

Потоа му беше доделен доживотен затвор и смртна казна за “заговор против Египет” со палестинската група Хамас и либанскиот Хезболах.

Мурси и другите обвинети, заедно со голем број независни набљудувачи, велат дека обвинувањата се политички мотивирани.

Од соборувањето и затворањето на Мурси, египетските власти започнаа остри мерки кон Муслиманското братство – убивајќи стотици и затворајќи десетици илјади.

AA.COM.TR