Вести Свет

Турција продолжува со изградба на ѕид по должината на границата со Сирија

Сподели:

thumbs_b_c_31099eef0e7e49bb8f59540d879298eb

Турските безбедносни сили продолжуваат со изградбата на бетонскиот ѕид на границата со Сирија, а проектот треба да биде завршен во првата половина на следната година, јавува  (AA).

Репортерите на АА го посетија градилиштето во граничната област Сурук, во областа Шанлиурфа, каде што турските безбедносни сили и надлежните комунални служби градат ѕид од бетонски блокови високи три и широки два метри.

Турските безбедносни сили спроведуваат мерки за зајакнување на безбедноста на турско-сириската граница, а подигнувањето на ѕидот е една од овие мерки.

Целта на проектот е да се воспостави безбедност и да се спречи шверцот и нелегалното преминување во должина од 900 километри на турско-сириската граница.

Соседна Сирија од 2011 година е место на граѓанска војна, а од средината на 2014 година постои закана од проширување на судирите откако терористичката организација ДЕАШ зазеде поширока област во северниот пограничен појас.

Напоредно, со подигањето на бетонскиот ѕид со кој би се запрело движењето на терористите и странските борци, турските безбедносни сили уште од средината на октомври, во соработка со силите на опозицијата на Ослободителната војска на Сирија, ја спроведуваат операцијата „Штитот на Еуфрат“, која има за цел да ги неутрализира терористичките елементи долж граничната зона, а операцијата има поддршка и од воздухопловните сили на коалицијата за борба против ДЕАШ.


Сподели: