Турција: Забранет е дочек на Нова година на плоштадот Таксим – безбедносни мерки на највисоко ниво

Сподели

Турските власти нема да дозволат новогодишна прослава на истанбулскиот плоштад Таксим од безбедносни причини.

Полицискиот началник на истанбулската општина Бејоглу, Исмаил Килич изјави дека безбедносните мерки се зајакнати годинава по низата напади во Турција во изминативе две години.

– Мерките за Нова Година ќе бидат на највисоко ниво, изјави Килич.

Турција се соочи со серија терористички напади, што им се припишуваа на курдските милитанти и на групата Исламска држава, вклучувајќи го и инцидентот во популарниот ноќен клуб Реина во Истанбул, за време на ланската новогодишна прослава, при што загинаа 39 лица.

– Ние ќе ги засилиме мерките бидејќи минатата година напаѓачот од Реина ја смени својата цел поради преземените контроли на Таксим, нагласи Килич.