Вести Свет

Убедлива победа на партијата на Вучиќ на парламентарните избори во Србија

Сподели:

 

На парламентарните, покраински и локални избори во Србија победи Српската напредна партија предводена од претседателот Александар Вучиќ. Според неофицијалните резултати СНС освоила 62, 4% гласови. Социјалистичката партија освои 10,3%. Трета е СПАС со 3,9% од гласовите.

Вучиќ изјави дека ќе разговара за плановите за иднината дури откако ќе ги добие резултатите од гласањето, бидејќи народот „сè уште не го овластил“. Додаде дека одзивот на Косово е најдобар досега.

„Вучиќ успеа целосно да ја уништи политичката структура во Србија. Вучиќ спроведува инженеринг врз луѓето, ова е безизлезна ситуација. Не е нормално една партија да има повеќе од 60 отсто, а првата следна 10 отсто“, кажа поранешниот српски претседател Борис Тадиќ за Н1.

Сподели: