Вести Македонија Ударни вести

Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите за промоција на студиските програми

Сподели:

 

Од денеска, па се до 26 март, матурантите од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да се запознаат со студиските програми на факултетите и на универзитетите, што ќе им помогне полесно да ја изберат својата идна професија и кариерна ориентација. Градот Скопје по четврти пат го реализира проектот „Училиштата на Градот Скопје со отворени врати за факултетите и универзитетите за промоција на нивните студиски програми“, но оваа година, за разлика од претходните, претставувањето на универзитетите и  факултетите ќе се реализира со on-line презентации.

За да се олесни комуникацијата меѓу учениците и факултетите на овие настани секое училиште има назначено лице за контакт кое е задолжено да ги координира активностите на ниво на училиште.

Воедно, оваа година ја предвидовме можноста факултетите, доколку имаат интерес, да се претстават и на официјалните веб-страници на училиштата со свои видео-материјали кои ќе бидат поставени во определени денови за времетраењето на проектот.

Градот Скопје согласно со своите заложби за континуирано унапредување на квалитетот на образовните услуги, и оваа учебна 2020/2021 година, ја продолжува традицијата на поврзување и комуникација меѓу универзитетите, факултетите и средните училишта на Град Скопје. Целта на проектот е да им се овозможи на универзитетите да ги претстават своите студиски програми и можности за научно усовршување, a истовремено да им се помогне на матурантите полесно да ја изберат својата идна професија.

 

Сподели: