УЈП: Плаќањето на данок на доход за 2020 до 2022 ќе се врши по стапка од 10%

Сподели

 

Според Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход: Доход од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход – соопштуваат од УЈП.