Украдена опремата на соларното дрво на Кејот на Вардар

Сподели

 

“Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на Кејот на Вардар. Скршен е ормарот во кој се сместени уредите, при што украдена е внатрешната опрема и батериите за работа на ова соларно дрво (полнење на електрични тротинети и други е – уреди).

 

Во изминатите месеци свесно се уништуваше урбана опрема и се крадеа украсни растенија. Но, сетоа ова, во најголем дел е набавено со средства од Буџетот – пари на граѓаните!

Деструктивните активности имаат за цел да креираат слика на нефункционалност на локалната самоуправа, но штетата што се прави е колективна” – соопшти градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев..