Вести Свет Ударни вести

УКРАИНА: Маж се самоуби и повреди 7 лица во судница

Сподели:

Еден маж активирал две рачни бомби, во судница во источна Украина, при што се уби себеси и повреди најмалку 7 лица.

Инцидентот се случил за време на сослушување за убиство во градот Никопољ, во украинскиот регион Дњепропетровск.

– Според првичните извештаи, човекот извадил две рачни бомби и ги активирал за време на сослушувањето за случајот убиства, изјави портпаролот на полицијата Јарослав Тракало.

Човекот кој ги активирал бомбите е татко на една од жртвите на убиствата, кои се предмет на ова судење.
Меѓу повредените се тројцата обвинети и четворица вработени во судот и чувари.
Според некои украински медиуми, во инцидентот се повредени десет лица.

На обвинетите им се суди дека во февруари 2016 година пукале во еден автомобил, при што убиле две лица.

Сподели: