Вести Македонија

Украсена Општина Карпош за Новата 2020 година

Сподели:

 

Општина Карпош украси дел од јавните површини, платоа и плоштади, во пресрет на Новата 2020 година.

 

Украсено е на платото на „Млечен“ во УЗ „Владо Тасевски“, платото „Коцка’“ во Карпош 3, плоштадот „Делфина“ во Влае 2, плоштадот во Бардовци, кружниот тек кај гимназијата „Георги Димитров“, скверот во Тафталиџе 2 и паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 

Општината се одлучи на ваков чекор како резултат на барањата на голем број граѓани, како и да се почувствува новогодишната атмосфера во пресрет на Новата година.

За украсувањето се потрошени два милиони денари од Буџетот на Општина Карпош.

Сподели: