Унгарија: Партијата на Орбан со убедлива победа

Сподели:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа откако прелиминарните резултати од парламентарните избори во земјата, покажаа дека гласачите му дадоа доверба за трет мандат по ред, а четври од 1998 година.

-“Обезбедивме историска победа и создаваме можност да ја заштитиме Унгарија”.

Евроскептичните и анти-мигрантски пораки на Виктор Орбан беа особено добро примени во провинцијата и помалите населени места.

Сподели: