Уред произведен во Турција врши операција за неколку минути

Сподели

Со помош на нов медицински уред произведен во Турција извршена е операција на проширени вени за три минути, операција која инаку трае неколку часа, јавува Anadolu Agency (AA)

Операцијата беше следена во живо од речиси 2.500 доктори во Мелбурн, Австралија, на првиот ден од Светскиот конгрес за флебологија, кој започна денес.

Турска компанија која произведува медицинска опрема во областа на кардиоваскуларната хирургија, го претстави уредот за време на конгресот.

Рашит Динч, претставник на компанијата, за АА изјави дека уредот е комплетно локален производ.

Тој додаде дека австралиски лекар го употребил уредот за да ја изврши операцијата, која обично трае два до три часа, за само три минути.

Проф. Д-р. Куршат Бозкурт, генерален секретар на Турското здружение за кардиоваскуларна хирургија и академик на Медицинскиот факултет „Џерахпаша“ во Истанбул, рече дека е горд што уредот е произведен во Турција.

„Почнавме да ги продаваме нашите производи и технологија во странство“, рече тој.

Бозкурт додаде дека имаат за цел да бидат домаќини на Конгресот во Истанбул во 2021 година.

Конгресот, чиј домаќин е Австралискиот колеџ за флебологија ќе заврши на 8 февруари.