Вести Свет

Уредникот на „Џумхуриет“ е уапсен

Сподели:

Уредникот на турскиот весник „Џумхуриет“, Огуз Ѓувен, вчера е официјално уапсен. Минатата недела агенцијата Анадолија објави дека Ѓувен е задржан во притвор поради известување поврзано со смртта на јавниот обвинител, кој загина во автомобилска несреќа.

Ѓувен е еден од 13-те членови на редакцијата на „Џумхуриет“, кои завршија зад решетки под обвинениеја за поврзаност со тероризам.

„Џумхуриет“  често пати е критичен кон турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговата Влада, а поранешниот уредник на весникот Кан Дундар живее во егзил во Европа.

Во турските затвори се наоѓаат 145 новинари, меѓу кои и германскиот дописникот Дениз Јучел.

Сподели: