Вести Македонија Ударни вести

Уставен ја одби иницијативата -ќе се гради деветкатницата кај „Мајчин дом“

Сподели:

Општината Аеродром нема правна можност да ја стопира изградбата на висококатницата кај Мајчин дом, откако претходно уставниот суд одлучи да не поведе постапка за ДУП-от.

Судиите едногласно одлучија дека нема да преминат во натамошно постапување. ДУПот И10 донесен на седница на советот во општината во април 2017 е согласно уставот и законите. Иницијативата беше поднесена лани од 12 физички и правни лица.

По оваа одлука, Општината информираше дека е обврзана да ја почитува одлуката на судот, a исцрпени се механизмите со што оваа градска четврт И10  останува активен урбанистички план за тој регион.

„Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината.

Новите планови за градба кои се изработуваат се однесуваат за помалку урбанизираните делови во Аеродром тврди општината, за како што велат  да се заштити урбаното јадро. Инвеститорот Фатмир Етеми, претходно најави дека и покрај обидите на општината и протестите, тој нема да се откаже од изградбата на висококатницата, но и на  друг објект веднаш до зградата за кои тврди дека ќе бидат  еколошки и според највисоки стандарди

Сподели: